Древните Македонци верувале во култот на Сонцето и Космосот

Древните Македонци верувале во култот на Сонцето и Космосот

Beitragvon Lügendetektor » 29.11.2009 20:18

Древните Македонци верувале во култот на Сонцето и Космосот

Обелискот којшто праисторискиот човек на планината Кожуф, близу Гевгелија го поставил пред речиси 5000 години пред нашата ера, во педесеттите години на 20 век, диви копачи, најверојатно со некаква помошна механизација, барајќи злато - го урнале и го преполовиле на два дела. За жал, од незнаење за вредноста на обелискот на локалитет кој датира од праисторијата направена е штета врз него.
Bild

Двата уништени делови на обелискот, кој бил висок 5,5 метри, на се уште нерегистрираниот локалитет наречен "Милисин", кој всушност претставува шумарско-ловечка заштитена зона на Кожуф Планина, денес се само сведок за единствениот обелиск-споменик на културата на праисторискиот човек на овие простори кој верувал во култот на Сонцето и Космосот.Оваа приказна ја раскажува архитектот и проучувач на историјата на македонската цивилизација, автор на многу дела на оваа тема, Васил Иљов, кој направи реконструкција на обелискот и се обиде да го дешифрира натписот издлабен на каменот.
Bild
Овој начин на пишување кој е регистриран на обелискот есоодветен на пишувањето во раниот неолит.
Исто такво пишување има на печатот од Говрлево - издлабени написи на камен на еден одреден принцип. Околу четири месеци траеше осмислувањето на кој начин да се дешифрира издлабениот дел. Според дешифрираното стои: "Со мојот владетел Сонцето", потоа "И Ракле Зпаски - тоа веројатно значи име на некој владетел", објаснува истражувачот Иљов. Локалитетот "Милисин", кој во науката не е многу афирмиран, е мошне атрактивен локалитет. Името го добил по реката Милисин што тече во близина, а целото подрачје, всушност, претставува шумарско-ловечка зона, Истражувачот Иљов објаснува и додава: "Останав фрапиран од она што го видов. Како може еден таков уникатен објект - споменик од праисторијата толку да се уништи. Според моите сознанија, тој е првиот обелиск што досега бил регистриран на овие простори".
Bild
Обелискот бил поставен во слава на Сонцето, бидејќи древните Македонци верувале во култот на Сонцето и Космосот. Се надевале дека кога ќе починат, кога покојникот ќе го стават на клада, кога ќе изгори - преку зраците на Сонцето, ќе стигнат до Космосот и таму ќе станат вечни. Архитектот Иљов потенчира дека и самиот поим обелиск е древен македонски збор и значи обелоденување.
- Македонскиот народ знаеше да создава под какви било околности. Затоа ние сега треба да знаеме како тоа да го сочуваме, затоа што овие остатоци и' припаѓаат на македонската цивилизација и на македонскиот народ, вели Иљов и додава дека затоа е потребно да се изврши реконструкција на обелискот, да се постави во вертикална позиција и да се вратат камењата на своето место. - Македонските археолози ваквите локалитети како да не ги забележуваат. За нив поатрактивни се, на пример, некрополите, бидејќи во нив има предмети, богатство.
Овој локалитет е од бесценето значење за Гевгелија и Македонија и претставува реткост во регионот. Го обогатува како локалитет и центарот на Кожуф. Еве уште една можност на посетителите да им се презентира праисторијата на Македонија.....
Benutzeravatar
Lügendetektor
Administrator
 
Beiträge: 400
Registriert: 28.11.2009 12:07
Hat sich bedankt: 1 mal
Danksagungen: 5 mal


Re: Древните Македонци верувале во култот на Сонцето и Космосот

Beitragvon Lügendetektor » 24.12.2009 23:08

Култови и верувања на Македонците


Култ на Сонцето

Bild

Од култовите поврзани со обожувањето на природните сили, најраширен и најважен кај Македонците бил култот кон Сонцето.

Античките автори даваат голем број сведоштва за раширеноста на култот на Сонцето кај Македонците. Најстариот пишан податок за овој култ се наоѓа кај Херодот, кој ни ја раскажува легендата за потеклото на македонската кралска куќа Аргеади.

Од Аргос избегале кај Илирите тројца браќа, кои биле потомци на Темен. Тоа биле Гаван, Аероп, и Пердика. Таму станале слуги за плата кај кралот. Кралот кога слушнал дека зборуваат за плата, покажувајќи на она место на подот каде што се спуштале сончевите зраци што влегувале низ оној отвор на покривот низ кој излегува чадот од куќата, рекол:

„Еве ви ја давам платата што ја заслуживте“.

Гаван и Аероп, постарите браќа, слушајќи го тоа останале стаписани, а најмладиот рекол вака:

„Го примаме кралу тоа што ни го даваш“.

Притоа со ножот, што случајно го имал кај себе, го заокружил тоа место каде што паѓале зраците. Откако така ги оградил зраците, ги ставил во пазувите, а потоа и тој и неговите браќа си заминале.

Херодот...
VIII, 137;


Овој гест симболично го прикажува божеското потекло на кралската власт добиена од богот Сонце. Оттаму сонцето е симбол на кралската власт. За култот на Сонцето, пак, кај пајонските племиња ни сведочи Максим од Тир, кој пишувал во II век н.н.:

„Пајонците го слават Хелиј носејќи лик на пајонскиот Хелиј во вид на мал диск ставен на долга мотка"

Максим од Тир...
II, 8;


Треба да се укаже дека соларната симболика не им е блиска на Хелените. Единствено кај Јонците се среќава крилестиот лав - грифон, но и тој е превземен од културите од Блискиот Исток. За разлика од нив, кај античките Македонци сончевата розета е еден од најчестите симболи. Таа е најчесто претставена на македонскиот штит, што често е прикажуван на македонските монети. Розетата ја има и на многу други предмети, како на накитот или оружјето. Сонцето, пак, односно Хелиј во антропоморфен облик (како глава со зрачна круна) се среќава многу поретко, и тоа на монетите на македонските кралеви.

Најран досега пронајден приказ на сончевата розета е шематизираниот приказ на една бронзена дијадема од IX век ст.е., најдена во некрополата во Вергина (Кутлеш). Розетата ја има на монетите на пајонските племиња од VI век ст.е., на монетите на Филип II, на Касандар, на градот Уранопол, како и на бронзените „пафти“. Розетата е прикажана и на прочуениот саркофаг кој наводно му припаѓал на македонскиот крал Филип II но тоа сеуште не е потврдено туку напротив.

BildBild
Bild

На златните листови-плочки во македонските гробови чести се соларните мотиви слични со оние на монетите од ова време, одраз на култот на Сонцето. Шематизирани прикази на розета се сраќаваат на македонските штитови, честопати придружена со ѕвезди или со полумесечина, исто како и на надгробните споменици од римско време, најчесто по средното течение на реката Вардар, во некогашна Пајонија. Сонцето во култот на мртвите ја симболизира бесмртноста, т.е. вечното раѓање, а според астралната есхатологија сонцето е дом на душите на покојните.

Задржувањето на култот на Сонцето се до крајот на антиката е специфичност на македонската религија, така што сончевата розета со право се вбројува во македонските симболи.

Со текот на времето, со појавата на новите верувања и религии, пред се на христијанската, сончевата розета се трансформира во обичен украсен мотив, чие значење е потиснато или заборавено, но сепак е чест мотив на домашниот инвентар (дрвени ковчези, поскурници) во традиционалната македонска куќа.

Култ на Водата

Македонците како и Фригите, особено го практикувале култот на водата. Реките биле почитувани како божества и им биле принесувани жртви, а на обичните луѓе им се давале имиња на обожени реки. На натписите во Македонија, освен имиња дадени според македонските реки - Стримов, Нестос, Местос - се посведочени и имиња од фригиските, како, Марсија или Халис.

За длабоката старост на култот сведочи и неговата поврзаност со кралската куќа Аргеади. Имено, според легендата:

„Реката што ја преминале Аероп, Гаван, и Пердика толку многу надошла, што потерата испратена по нив не можела да ја премине, и да ги стаса, затоа Македонците и принесувале жртви на реката како на спасителка.“

Херодот...
VIII, 138;


Херодот не го опишува ритуалот на жртвопринесување, но тој може речиси сигурно да се утврди од жртвите на персискиот крал Ксеркс, и тоа токму зашто Персијците ги почитувале реките на поинаков начин. Имено:

„Во текот на походот во 490 год. ст.е., Ксеркс му жртвувал на божеството Стримон бели коњи чија крв била излеана во реката.“

Херодот...
VII, 113


Ако се знае дека Персијците според персиските обичаи и верувања со ништо не смееле да ја извалкаат водата

Херодот...
I, 138;


Јасно е дека Ксеркс на македонското божество му принесол жртви на македонски начин.

Примери за жртвопринесување на Водата има и од времето на кралот Александар III Македонски.

„Александар и принел жртва на реката Истар (Дунав), за да не се спротивставува на неговото преминување.“

Аријан...
Анабаса I, 4;

„Жртва леанка со златна чаша од клунот на бродот принесена на реките Хидасп, Акесина, и Инд, како и на богот Посејдон и Океанот.“

Аријан, Анабаса VI, 3...
Индија XVII, 11;


Според хеленското митолошко наследство реките биле синови на Океанот. Но освен хеленски зачувани се и македонски легенди. Важно е да се нагласи дека за разлика од хелените кои реките ги прикажуваат како бикови, Македонците реките ги претставувале антропоморфно.

Култ на Сонот

Еден антропоморфен приказн на богот Хипнос во облик на Хермес Тот е најден во Гевгелија.

Од друга страна во Тиквешијата се најдени неколку надгробни стели од римско време, на кои е прикажан афион (papaver somniferus). Во согласност со убедувањето дека сонот е само привремена смрт, афионот поради својството да опива и успива, станува култен и погребен симбол. Освен на овие надгробни стели, афионот е прикажан и на накит. Најраните досега најдени прикази се на накит од Требениште, поточно на сребрените игли од фибулите од типот Штрпци.

Култ на Змијата

Овој култ е посведочен во Пелагонија, во некогашна Пајонија, но и во македонските гробници од Кутлеш, каде се најдени теракоти на змии. Змијата во античко време е симбол на постојано раѓање и умирање, односно на реинкарнација, а со тоа и на бесмртност. Таа често се прикажува на македонскиот накит но и на надгробните споменици како симбол на хероизиран покојник.
Benutzeravatar
Lügendetektor
Administrator
 
Beiträge: 400
Registriert: 28.11.2009 12:07
Hat sich bedankt: 1 mal
Danksagungen: 5 mal


Zurück zu Mazedonien Forum

cron